Реми за „Осогово“ на „Никола Мантов“

Се одиграа натпреварите од четвртото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

Домашен успех на стадионот „Никола Мантов“ пропушти ГФК „Осогово“  на натпреварот против тимот на новиот второлигаш „Локомотива“ Градско со реми резултат од 2-2. Сите погодоци паднаа во вториот дел од мечот. Резултатот го отвори Тоше Манов (59′) со удар од 11 метри, а три минути подоцна зголеми Екрем Мемеди (62′). Неизвесноста до крајот на мечот ја задржа Милан Чичевски (65′), а неговиот соиграч Бесмир Даци во продолжението на натпреварот (90+2′) стави точка на мечот за конечно реми од 2-2.

Во следното 5-то коло од ВМФЛ – Исток „Осогово“ гостува на прилепска „Победа“.

На останатите средби од 4-тото коло во ВМФЛ – Исток беа постигнати следниве резултати:

Табела:

И. Матеничарски

Фото: „Комарец“

Сподели: