Реми за „Осогово“ на првиот контролен меч против „Каменица Саса“

Фудбалерите на „Осогово“ со резултат 2:2 ремизираа со екипата на „Каменица Саса“, на првиот контролен меч што се одигра денес на стадионот во Македонска Каменица, во рамки на подготовките за пролетниот дел од сезоната.   

Каменичани први го отворија резултатот со голот на  Г.Здравков во 15’ минута од натпреварот. Во вториот дел за  2:0 во 65’ минута стрелаше Н.Џурџу, за во 70’ и 76’ минута  Д.Паунов и К.Крклински од  „Осогово“ да израмнат за конечен резултат од 2:2.

Мечот имаше за цел одржување на натпреварувачката форма на „Осогово“ како и шанса за настап на целиот ростер фудбалери.

Следениот контролен дуел ГФК “Осогово ” ќе го одигра в среда (12.02.) против тимот на “Кожуф” во Кочани.

Во рамки на подготовките,   фудбалерите на „Осогово“ ќе одиграат вкупно четири контролни средби.

Почетокот на пролетниот дел од првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток е закажан за 29 февруари.

И.Матеничарски

Сподели: