Речните води во Зрновци порибени со нови 30 килограми пастрамка

Локалната самоуправа на Општина Зрновци и здружението „Кочански рибар“ реализираа порибување на водите на реката Кукушница и Зрновка во општина Зрновци.

Порибувањето е втора фаза од активностите на локалната самоуправа за зголемување на речниот рибен фонд во општината со млади единки на речна пастрамка.

-Со финансиска подршка од Локалната самоуправа во соработка со риболовното здружение „Кочански рибар“, во присуство на инспектор во Сектор за Инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултура, госпоѓа Катица Тасева денес извршивме второ порибување. Со над 30 килограми речна пастрамка за прв пат се порибуваат водите на река Кукушница, а дел повторно заврши во планинскиот дел на река Зрновка. Грижата за зголемување и негување на рибниот фонд како и заштита на животната средина ќе биде наш приоритет и во иднина, соопшти градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

На почетокот на февруари, со 20 килограми подмладок на речна пастрама беше порибена реката Зрновка во планинскиот дел кај викенд населбата Девичин Вир.

Сподели: