Ридско-брзинска трка „Пониква“ 2020

На патниот правец кон Пониква викендов се возеше ридско-брзинската трка во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам.

Топлото време не беше пречка љубителите на автомобилизмот од Кочани и државата во голем број да го проследат годинашново издание на традиционалниот автомобилистички настан.

На патеката долга 5,91 километар во сите пет класи учествуваа 22 возачи од Македонија како и гости од Р.Полска.
Подготвеноста на патеката беше на високо ниво, а се возеше од Градската депонија до месноста „Пашаџиково“.

Автомобилистот Дејан Манасиев од Кочани во двете возења постигна солидни резултати. Во првата трка патеката ја помина за 3,55,31 стотинка, додека на второто возење имаше подобар резултат со 3,49,53 стотинки, со што ја задржа втората позиција во категоријата Е1. Во класата на Манасиев најуспешен беше Димитриј Кимовски од Скопје, кој со своето возило „Хонда“ патеката ја помина за 3,31,45 стотинки.

Во групниот пласман најдобар на трката беше пољакот Дуда Грзегорс, кој патеката на „Пониква“ ја помина за 3,13,56 стотинки.

Организатор на натпреварот беше АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

За фотогалерија кликнете овде.

Сподели: