Основните училишта во државата се подготвуваат за новиот начин на спроведување на наставата кој е планиран да започне од 1-ви октомври.
Во ООУ„Раде Кратовче“ Кочани родителите на учениците кои учат во оваа воспитно образовна институција, преку анкетен прашалник се изјаснуваат дали се за физичко или онлајн следење на наставниот процес.
Од училиштето „Раде Кратовче“ информираат дека по добвањето на укажувањата од Министерството за образование и наука училиштето деновиве спроведува анкета за начинот на изведување на наставата.
- -По добивањето на укажувањето од МОН за спроведување на анкета на родителите за тоа дали се за онлајн настава или физичко присуство на учениците ние веднаш почнавме со анкетирањето. Родителите доаѓаат во училиштето од вчера ,а наставниците и објаснуваат каква е ситуацијата и им нудат двете опции кои се дадени од Министерствотот дали наставата да биде онлајн или со физичко присуство. Забележително е дека најголем дел од родителите се изјаснија за физичко присуство на своите ученици, односно наставата да ја следат во училиштето- истакна Благој Давитков, директор на ООУ„Раде Кратовче“ Кочани.
Министерството за образовнаие и наука донесе посебен протокол за изведување на наставата во воспитно-образовните институции, кој протокол училиштата треба да го следат.
Од ОУ„Раде Кратовче“ инфомрираат дека се спремни за почетокот на учебната година. Додадоа дека хигиенските подготовки се во тек, набавени се средства за дезинфекција како и хемиски препарати.
Новата учебна година започнува од 1-ви октомври со физичко присуство само за учениците од прво до трето одделение, додека останатите барем за сега наставата ќе ја следат онлајн.
И.Матеничарски
Фото: А.Арсов