„Родителски фронт“ – Инфо сесија за родова идеологија и сексуално образование

Коалицијата за заштита на децата и здружението на родители Родителски фронт испраќа покана до сите граѓани на Кочани да присуствуваат на бесплатна инфо сесија на која подетално ќе се запознаат со родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование што се наметнува во училиштата. Секој родител има право да знае и да донесе информирана одлука што ќе го учат неговото дете во образовните институции.

Ова е инфо сесија на која ќе може да се вклучите во разговор, да поставувате прашања и да споделите свои искуства.

Инфо сесиите веќе успешно поминаа во Пробиштип, Ново Село, Струмица, Кавадарци, а сега на ред е и Кочани. Поканата е отворена за сите.

Ве очекуваме во голем број на ден 03.02.2024 година, сабота, со почеток од 17:00 часот во Мултикултурниот центар во Кочани!

„Родителски фронт“

Сподели: