Родителски фронт: Не за родовата идеологија во Кочани

Од утре, 25 септември 2023 година, во 19 часот пред ГТЦ Кочани, Родителски фронт започнува со собирање потписи за Петицијата НЕ за родовата идеологија во училиштата, актите и документите на Општина Кочани.

Станува збор за иницијатива која почна пред десетина дена во Струмица, кога здружението на граѓани Родителски фронт, застана гласно против родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес.

Поради сериозноста на проблемот, одговорноста што сите ние, како родители, роднини, пријатели и поединци ги имаме за правилен психофизички развој на децата и заштита на семејството, а со тоа и самото општество, сметаме дека е вистински момент оваа акција да почне и во Кочани.

Со надеж дека локалните власти ќе ја препознаат и прифатат загриженоста на граѓаните и тоа ќе го имплементираат во своите акти и програми.

Здружение на родители „Родителски фронт“

Сподели: