Родител од Кочани го поттикнувал синот да питачи и краде – заработи кривична пријава

Жители на Кочани заработи кривични пријави за запуштање и малтретирање на дете, откако било утврдено дека го принудувал својот малолетен син да питачи и краде, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани „поднесе кривична пријава против А.И.(36) од градот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. Пријавениот, во периодот од мај 2021 до сега, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување го запуштил своето дете, како резултат на што детето учествувало во извршување на кривични дела, кои во голем дел биле потикнати од него. Како резултат на ваквата негрижа за детето се документирани 15 кривични дела ,,тешка кражба” и ,,кражба” за кои се поднесени две известувања до ОЈО Кочани“, велат од полицијата.

Сподели: