Рокот за пријавување учество на Петровденскиот турнир во мал фудбал –продолжен до 24 јуни

Општина Кочани, која и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување учество на фудбалските екипи, до 24 јуни 2024 година. 

Екипите треба да уплатат котизација во износ од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани (210041087870107), да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. 

Пријавите може да се земат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани.

Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации може да се добијат на телефоните 077 881 346 или  072 275 610. 

Првата награда на најуспешната екипа на турнирот ќе биде во износ од 60.000 денари, втората од 30.000 и третата во износ од 15.000 денари. 

Сподели: