Во рамки на проектот „Заедно за просперитетна заедница“, ромската невладина организација „Ромалитико“ постави урбана опрема во Ромското маало во Кочани.

Станува збор за три садови за отпад – контејнери кај месноста Полатски пат пред Фабриката за вода и сообраќајно сферно огледало на крстосување на улиците „Славчо Стојменски“ и „Стамен Манов“ во Ромското маало.

– Денеска ја промовираме една од двете акции кои ги спроведовме заедно со заедницата во Кочани. На просторот се поставени контејнери и сферно огледало како дел од проектот. Во следната фаза сакам да ја најавам нашата кампања „Зелени Ромски маала“ што претставува иницијатива на нашата организација да ги мапира сите диви депонии во Ромските маала да ги претвори во паркови со фокус на животната средина и здравјето на жителите.Веќе се планираат да се спроведат уште две акции во делот на инфраструктурата во Ромското маало за што имаме контакт и со локалната самоуправа на Кочани, истакна Суат Скендери, проектен дирекотр на проектот „Заедно за просперитетна заедница“.
Реализацијата на проектните активности е поддржана од страна на Меѓународната агенција за развој УСАИД за Македонија.

– Како дел од „Ромалитико“ упатувам благодарност до сите чинители кои се вклучени во реализација на акцијата во Кочани. Акцијата е по барање на жителите за поставување на садови за отпад и сообраќајно сферно огледало. Како организација даваме поддршка кон активности кои следат, како асфалтирање на дел од улица „Стамен Манов“ и останати споредни улици, истакна Сенчабил Рамаданов, консултант за заедница и дијаспора.

Јалчин Неџипов од „Ромалитико“ апелираше до населението во Ромското маало да ја чуваат околината и одговорно да се однесуваат кон животната средина притоа отпадот да го фрлаат во поставените садови и да ја сочуваат поставената комунална опрема.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов
