Ротаракт клубот „Кочани-Виница“ во соработка со организацијата „Донирај компјутер“ ги повикуваат сите што имаат компјутери или компјутерски делови што не им се потребни и сакаат да ги донираат да се приклучат на иницијативата наменета за обезбедување на компјутери на деца на кои им се потребни.
Минимална прифатлива конфигурација:
-DualCore процесор
– 2 ГБ РАМ меморија
-16ГБ хард диск
Подигањето и транспортот ќе го организира Ротаракт клуб „Кочани-Виница“. Откако компјутерите ќе се реставрираат, ќе бидат донирани каде што е потребно на територијата на Кочани и Виница.
Заинтересираните можат да контактираат преку емаил (rotaractclubkochanivinica@gmail.com) или на социјалните медиуми.
Инаку, организацијата „Донирај компјутер“ е непрофитна невладина организација чија цел е секое семејство во Македонија да има барем по еден компјутер, бидејки како што велат истиот е потребна алатка за учење, а не луксуз. Организацијата собира донации и стари компјутери, ги поправа составува и донира на деца на кои им се потребни. Во нејзиното постоење, за повеќе од 5 години организацијата има донирано повеќе од 1100 компјутери.
Ротаракт клуб „Кочани-Виница“