Ротаријанците го одбележаа Светскиот ден за борба против детската парализа

По повод одбележување на 24-ти Октомври, „Светски ден за борба против детска парализа“, членови на Ротари клубот „Кочани-Виница“ во Паркот на револуцијата во Кочани делеа заштитни маски на минувачите, обезбедени како донација од „Maxi Guard“ – Виница.

Како што информираат од Ротари клубот „Кочани-Виница“ мисијата за искоренување на полио или попознато меѓу народот како детска парализа е започната години наназад, за да денес со голема гордост се зборува дека болеста е сведена на минимум.

Во денешната активност на Ротари клубот, беа вклучени и младите ротаријанци членови на  Интеракт клубот „Кочани-Виница“, а настанот е регистриран и на страницата на Rotary Internacional.

Од Ротари клубот „Кочани-Виница“ упатија благодарност до „Maxi Guard“ за донацијата на заштитни маски за денешната активност.

И. Матеничарски

Сподели: