Ротаријанците обновија дел од спортските реквизити на игралиштето во ОУ „Никола Карев“ Кочани

Младите ротаријанци, членови на Ротаракт клубот Кочани-Виница денеска обновија дел од реквизитите на спортскиот терен во ОУ „Никола Карев“ во Кочани.

Во рамки на активноста, ревитализирани се дел од дотраените кошеви, со што сега повторно во функција ќе биде  игралиштето во кочанското основно учлилиште. Поставени се две нови табли со обрач, а во периодот што следи, како дел од овој проект ќе биде доуреден и училишниот двор.

За реализација на оваа активност од Ротаракт клубот Кочани-Виница упатија благодарност до компаниите Антонио – Метал и Еврометал за изработката и монтирањето на реквизитите.

И. Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial