Ротаријанците собираа смет на езерото „Гратче“

По повод 115-тиот роденден на Ротари Интернационал, Ротари Клуб Кочани-Виница со поддршка од Ротаракт Кочани-Виница, Интеракт Кочани-Виница, претставник на Ротаракт Клубот Монако и двајца претставници на Мировниот Корпус, во неделата  спроведоа еко прошетка на езерото „Гратче“.

Членовите движејки се по десната страна на Брана Гратче од круната, па се до водопадот на Голема река по пешачката патека, го собираа  расфрланиот отпад, а воедно се дружеа на мал Ротаријански пикник во природа.

Од Ротари клубот Кочани – Виница информираат дека во иднина ќе продолжат со нови акции, цврсто следејќи ги принципите на Ротаријанското Семејство за подобри услови за живот и развој на локалните заедници.

Ротаријанците изразија и голема благодараност до членовите на Rotaract Club Kochani – Vinica, Interact Club Kocani – VInica, Rotaract Prince Albert 1er и Peace Corps North Macedonia за поддршката.

И.Матеничарски

Сподели: