Ротари клубот „Кочани-Виница“ донираше ЕХО апарат за Детското одделение при Општа болница – Кочани

ЕХО апарат за потребите на Детското одделение при Општата болница со проширена дејност – Кочани донираше Ротари клубот „Кочани-Виница“, обезбеден во стратешка соработка со фондацијата проект „Hope“.

Донацијата е во вредност од 20 илјади евра, во која освен ЕХО апаратот е вклучена и едукација на персоналот и соодветен сервис и одржување на апаратот.

-ЕХО апаратот е наменет за Детското одделение при Општа болница Кочани  и се надеваме дека ќе придонесе при секојдневната работа и дијагностицирање на одделението. Вредноста на целиот проект е повеќе од 20 илјади евра, со кои е овозмжено купувањето на ЕХО апратот, целосен сервис и одржување, едукација за управување со апаратот и едукација на персоналот во соодветни  центри. Се надевам дека донацијата ќе биде од корист на сите, особено на нашите доктори – херои кои пеиродот што измина ја заслужуваат секоја помош овозможена на секаков начин, истакна Васил Таковски, актуелен претседател на Ротари клубот „Кочани-Виница“.

Донацијата е поддржана и од страна на подмладокот на ротаријанците, Ротаракт  клубот „Кочани-Виница“ кои донираа дополнителни медицински помагала.

-Заедно со Ротари клубот „Кочани-Виница“ и проект „Hope“ направиме заеднички проект за донација. Освен што се донираше ЕХО апарат ние како млади ротаријанци дониравме и по два инхалатори и пулс оксиметри, аспиратор и апарат за притисок. Компаниите „Конфи Ангел“ и „Алекс Кочани“ обезбедија пижами и постелнини, истакна Андреј Алексов, претседател на Ротаракт клубот „Кочани-Виница“.

Директорот на Општата болница со проширена дејност – Кочани, Александар Серафимов, се заблагодари за донацијата при што истакна дека ќе биде од голема корист за пациентите и персоналот на Детското одделение при Општа Болница Кочани.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: