Ротари клубот „Кочани – Виница“ донираше 2 тони храна пред Бадник и Божиќ

Членовите на Ротари клубот „Кочани  – Виница“ денеска донираа 2 тони храна за социјално загрозени семејства од општините Кочани и Виница во пресрет на празниците Бадник и Божиќ.

Станува збор за донација на пакети со храна и хигиена што се обезбедени од средствата што се собраа на Оризовата вечер што ја организираше Ротари клубот „Кочани – Виница“ во октомври минатата година.

– Со цел да донацијата допре до сограѓаните на кој најповеќе им е потребна, акцијата за дистрибуција на пакетите е во соработка со невладнините организации  „Благородна Мисија“, „Мобилност“, „Воскресение“ од Кочани и „Умиление“ од Виница,  здруженија кои најтесно соработуваат со оваа категорија на сограѓани, истакнаа од Ротари клубот „Кочани – Виница“.

Целта на ваквата акција е да се помогне на социјално загрозени семејства за подостоинствено прославување на  Бадник и Божиќ.

И. Матеничарски

Сподели: