Претставници на Ротари клуб Кочани – Виница и основните и средни училишта од Кочани и Виница денеска на заедничка средба во ООУ „Никола Карев“потпишаа отворен меморандум за идна соработка во делот на унапредување на образованието на локално ниво.
Заедничкиот меморандум има за цел унапредување на образовниот процес преку идни идеи и проекти во кој би биле вклучени училиштата од двете општини.
– Ние како Ротари клуб се раководиме по начелата на Ротари Интернационал и едно од тие начела е токму поддршка на образовниот процес. Меморандумот за соработка што го потпишавме денес всушност е основа и темел за идни соработки, преку идеи и проекти на кои Ротари клубот Кочани – Виница ќе даде поддршка – рече Сашко Андонов, претседател на Ротари клуб Кочани – Виница.
Освен поддршка во образовниот процес, идеата е и продлабочување и официјализирање на соработката со образовните институции во двете опшитини.
– Лично како домаќини на настанот се надеваме дека ваков тип на соработка ќе биде одлична можност за сите училишта во нашата општина да работат на заеднички проекти кои ќе бидат од општо добро, добро на задницата и учениците – истакна Александар Андов, директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
Фото: А. Арсов