Русинот Расул Шапиев нов член на БК „Спартак“ – Кочани

Боречкиот клуб „Спартак“ денеска во Кочани го промовираше новиот член, русинот Расул Шапиев кој од неодамна настапува за кочанскиот боречки клуб.

Шапиев својот дебитантски настап го имаше викендов во Скопје на Изборното првенство во слободен стил. Рускиот борач потекнува од познатата школа за борење, Махачкала (Дагестан).

Освен Шапиев во делегацијата борачи од Русија и Украина кои настапуваат во Македонските клубови беа и Вероника Реабуволова (Вардар), Ахмед Набук (Студеничани) и Могамедгаџи Нуров (Вардар), како и водачот на целата таа делегација Могамед Ибрагимов и секретарот на Боречката Федерација на Северна Македонија Драгана Савева.

Претходно, делегација на БК „Спартак“  и Расул Шапиев остварија средба со градоначалникот н Кочани, Љупчо Папазов.

Сподели: