“Сапорт Кочани” обезбеди компресивна облека за повредените во “Пулс” во вредност од 15 илјади евра

Граѓанската иницијатива “Сапорт Кочани” направи нарачка на компресивна облека за повредените во пожарот во дискотеката “Пулс” во вредност од близу 15 илјади евра.

Станува збор за облека која е неопходна на повредените заради побрзо опоравување на лузните од настанатите изгореници.

– Support Kocani ја исплати првата фактура за компресивна облека во износ од 923.458,00 денари – средства целосно обезбедени преку донации.

Компресивната облека треба да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Обезбедени се и средства за втора тура компресивна облека, за која на 16 и 17 јуни ќе дојдат повторно експерти од Бугарија и ќе започне процесот на земање мерки, соопштија од граѓанската иницијатива.

Притоа упатија голема благодарност до фирмите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија попуст од 10 илјади евра и овозможија оваа помош да стигне до што повеќе повредени.

-Иако некои процеси траат подолго додека да бидат завршени, ова е доказ дека кога има волја, има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели, непознати хумани срца – покажавте што значи вистинска солидарност, додадоа од “Сапорт Кочани”.

Сподели: