Сара Темелкова ученик во трета година во СОУ„Гошо Викентиев“ Кочани го освои третото место на онлајн натпреварот „Образовно рандеву 2020“ на МАССУМ ( Младинска Асоцијација на Средните Стручни Училишта во Македонија) во категоријата најдобар постер, оваа година во организација на Универзтитетот ФОН.
Поради состојбата со коронавирусот, овогодинешното издание на „Образовното рандеву “ се одржа онлајн, при што учениците од стручните училишта од Македонија се натпреваруваа во редуциран број категории, меѓу кои филмови, видео реклама, интервју за работа, поетски творби, фотографија и постер.
Темелкова ја доби третата награда од вкупно 32 ученика кои се натпреваруваа во категоријата најдобар постер. За освоеното место таа ќе добие сертификат од МАССУМ, медал од ФОН како и можност за студирање на Универитетот со 50 % платена партиципација
Ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ секоја година учествуваат на „Образовното рандеву“ и досега имаат постигнато значајни успеси и награди.
Учеството на учениците на натпреварот беше под менторство на професорот Игор Голубов.
И.Матеничарски