Свежо цвеќе и почит кон Илинденците по повод 117 годишнината од Илинденското востание и 76 години од АСНОМ

По повод големиот македонски празник – Илинден, делегации на Општина Кочани, Советот, ОО на СДСМ Кочани, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и ДОМ положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата на ридот Локубија, во чест на паднатите борци за слободна Македонија. Тие се поклонија и одадоа почит на хероите кои се бореа за слободна, суверена и самостојна држава.

Воедно во организација на ОУ„Никола Карев“ Кочани свежо цвеќе пред паметникот на претседателот на Крушевската република Никола Карев во Паркот на револуцијата, положија и дел од директорите на основните и средни училишта во Кочани.

Македонија денес го одбележува Денот на републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: