Свежо цвеќе и рецитали на 77 – годишнината од загинувањето на Раде Кратовче

Скромно и достонствено, со положување свежо цвеќе и рецитали пред бистата на херојот  Раде Кратовче, во дворот на основното училиште во Кочани беше одбележан патрониот празник на училиштето.

Дел од вработените  на чело со директорот Благој Давитков  денес оддадоа почит на патронот Раде Кратовче, чие име го носи кочанското основно училиште.

-Традиционално секоја година на 23-ти март нашето училиште го одбележува и празнува патрониот празник. Оваа година сите активности кои беа планирани од страна на учениците и наставниците се одложени. Во чест на патрониот празник организиравме интерен литературен конкрус за нашите ученици при што денеска им  врачивме скромни награди на авторите на  најдобрите литературни творби – истакна директорот на ОУ „Раде Кратовче“, Благој Давитков.

Во рамки на литературниот конкурс „За тебе борецу“ беа врачени награди на шест ученици од одделенска и предметна настава.

Од одделенеска настава првонаградена е Јана Гацовска, втората награда на литературниот конкурс и припадна на  Јована Велкова и третонаграден е Михаил Захариев.  Наталија Михаилова доби прва награда од пријавените ученици од предметна настава, а Марија Трифунова и Верица Николова се второ и трето наградени.

Инаку Раде Михајлов Кратовче загинува на денешен ден во 1944 година на Осоговските Планини, во атарот на селото Главовица.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: