Светлина и мрак во Кочани

Додека најголем дел од централните улици во Кочани вечерва потонаа во мрак, Градскиот парк, ако така може да се нарече просторот што по реновирањето има повеќе гранит отколку зеленило и повеќе личи на плоштад, светна во какво – такво новогодишно руво.

Мерките за штедење на електрична енергија веќе подолг период се применуваат во Кочани и државата, а општините согласно тоа го редуцираат и новогодишното украсување.

Судејки по коментарите на социјалните мрежи, дел од граѓаните се незадоволни од украсувањето на гранитниот парк, додека пак на останатите им се допаѓа скромно закитениот простор и новогодишната атмосфера. Сепак, нечовечки е да се суди пред време и треба да се даде шанса за реализација на замислената новогодишна идила.

А вечерашното светло и мрак во Кочани можеби е и вистинска одлика на атмосферата која владее во градот на оризот.

Град кој во последно време е на врвот на листата на невообичаени кражби, на свои против своите, дрога и дилерство, лихварство и рекетарство, тепачки и насилство и на се помалку позитивни нешта и нешта вредни за споделување.

Среќна Нова 2023!

Сподели: