ООУ Климент Охридски од Облешево со гордост и пиетет го носи името на големиот сесловенски и македонски просветител Св Климент Охридски. Во негова чест во дворот на училиштето е поставена спомен-биста на ликот и делото на патронт.
На свечената академија во преполната спортска сала , свое поздравно обраќање имаше директорот на училиштето. Истакна за посветеноста на наставниот кадар и учениците . Задоволство е да се биде дел од оваа образовна институција но во исто време е и обврска и имање визија за идни успешни чекори во управувањето и раководењето на училиштето.
Името на св.Климент Охридски е длабоко врежано во генезата на секој македонец,а тоа што го имаме за наш патрон како училиште не прави горди и не задолжува да ја продолжиме неговата мисија.
Учениците пред многубројните гости и присутни со преубави точки за оваа намена се претставија и го покажаа својот талент за настап и глума. Главната порака – „Го сакаме светот со своите различности ,но во исто време го негуваме и истакнуваме нашето македоското“ со успех беше испратена и прифатена од присутните и наградена со силен аплаус.
Љубовта ,хуманоста и моралните традиционални вредности нека бидат предизвик на новото време,а мир во душата и доброто здравје да бидат меѓу нас до следното видување на денешен ден догодина.