Свечена академија по повод патрониот празник на ООУ „Св. Кирил и Методиј“

На свечена академија во училишниот хол на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, а во пресрет на Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј беше обележан патрониот празник на кочанското основно училиште.

На програмата на патронатот се претставија учениците од основното училиште преку драмско – ритмички и музички точки, а во рамки на чествувањето беа прогласени и најдобрите ученици од генерацијата 2019/2023 год.

 

За Првенец на генерацијата беше прогласен ученикот Павел Монев на кого директорот му додели диплома и пригодни подароци. Покрај Монев, пофалени ученици во генерацијата 2019/2023 год. се ученичките Матеа Тасова и Јована Давиткова.

Дипломи за постигнати високи резултати на државни и меѓународни натпревари по математика и информатичките науки добија  Давид Димитров и Владимир Грчев.

Претходно, во рамки на чествувањето на патрониот празник пред споменикот на браќата Кирил и Методиј во дворот на кочанското основно училиште свежо цвеќе положија делегации од училиштето, ученици, локалната самоуправа и Советот на Општина Кочани, политички партии и здруженија на граѓани.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: