Свечена седница на Советот на Општина Зрновци и положување свежо цвеќе по повод Митровден

Советот на Општина Зрновци денеска ја одржа свечената седница по повод празникот на општина Зрновци – „Св. Димитриј“ – Митровден.

На свечената седница беа доделени признанија на заслужни грѓани на Зрновци, наставници, ученици и функционери.  Седницата беше повод градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев да даде осврт на сработеното помеѓу двете празнувања.

Коцев даде отчет на сработените проекти во делот на инфраструктурата, комуналните дејности, животната средина, младинскиот активизам, културата и спортот.

По повод празникот на општината – Митровден, свежо цвеќе пред споменикот на „Св. Димитриј“ на плоштадот во Зрновци положија општински и граѓански делегации.

Во рамки на програмата беше организиран базар на рачни изработки, а музички точки и настап имаа учениците од ОУ „Синиша Стоилов“ и ДГ „Бисерчиња“  – Зрновци.

Во пресрет на одбележувањето на Митровден, вечерва со почеток од 18 ч. е закажана свечена литургија во храмот посветен на светецот Димитриј во Зрновци.

Сподели: