Трагедија утрово го потресе Кочани, откако во утринските часови 56- годишен маж од Кочани со 40 убодни рани лишил од живот 43 годишна кочанчанка.
Трагедијата се случила утрово околу 6 часот на ул „Страшо Ербапче“ во Стришани откако по претходна расправија убиецот на жртвата според информациите од кочанската болница и нанел околу 40 убодни рани при што истата починала на лице место.
– На Итната медицинска помош утрово во 06:20 ч. од граѓанин прими повик при дека на улицата „Стршо Ербапче“, над Стришанска чешма има повредено лице од убодни рани. Излезено е на терен при што е констатирано дека лицето е починато на лице место. Станува збор за жена која при првичниот преглед на телото има околу 40 убодни рани. Лицето е предадено на обдукција, истакнаа од Општата болница со проширена дејност –Кочани.
Од Секторот за внатрешни работи Штип информираа дека со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.
Според неофицијални информации убиецот го признал делото и веќе е лишен од слобода. Причините за убиството треба да ги даде истрагата.