СВР Штип со апел за почитување на сообраќајните правила и прописи

СВР Штип апелира до граѓаните односно учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и со тоа сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Граѓаните на Штип, но и на другите градови, да не ги паркираат односно запираат возилата на места на кои тоа не е дозволено.

До 15.02.2025 полициските службеници ќе изрекуваат опомени за наведените прекршоци, а потоа ќе се изрекуваат прекршочни платни налози на возачите кои ги прават овие прекршоци, а се со цел подигање на нивото на севкупната безбедност во сообраќајот.

СВР-Штип

Сподели: