Секторот за внатрешни работи – Штип излезе со детали за вчерашниот вербален напад врз вработен во општинската администрација во зградата на локалната самоуправа на Општина Кочани.
Како што информираат од полицијата, „На 18.02.2021 во 09.20 часот во Полициската станица Кочани, од Општина Кочани било пријавено дека околу 09.00 час. во службените простории во општина Кочани, И.М. од Кочани агресивно се однесувал кон вработениот О.Г.(64) од Кочани.
Се работи на расчистување на случајот, по што против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава“ стои во соопштението на СВР-Штип.