СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ги повлече приговорите поднесени до Државната изборна комисија за три избирачки места во општина Кочани.
Стануваше збор за приговори во врска со постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите за избирачките места 835, во ДГ „Павлина Велјанова“ на улицата „Скопска“, 865 во селото Долни Подлог и 874 во с. Тркање.
Освен во Кочани, СДСМ ги повлече и приговорите поднесени за изборните резултати во вториот круг за избирачко место во општините Чешиново-Облешево и Конче , како и за две избирачки места во Шуто Оризари.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов