СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ поднесе приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите за три избирачки места во општина Кочани.
Станува збор за избирачкото место 835, во ДГ „Павлина Велјанова“ на улицата „Скопска“, каде избирач јавно кажал за кого гласал како и избирачките места 865 во селото Долни Подлог и 874 во с. Тркање.
Рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг од локалните избори, што се одржа завчера, истекува утре во 14 часот. Одлуките во врска со поднесените приговори и тоа дали ќе има прегласување ќе бидат донесени по истекување на рокот за поднесување на приговори на јавна седница на Државната изборна комисија.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов