СДСМ ја објави кандидатурата на Николчо Илијев за втор мандат за градоначалник на Кочани

Николчо Илијев е кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на СДСМ, информираше владејачката партија преку партиско соопштение.

Соопштението ви го пренесуваме во целост и во него стои:

„Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илијев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори.

Со тоа ја комплетираме понудата од 69 кандидати за градоначалници.

Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илијев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години.

Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илијев и СДСМ на чело на
општината.

Граѓаните знаат и чувствуваат дека работите се менуваат на подобро, затоа ја даваат поддршката на СДСМ, затоа коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ е фаворит на претстојните избори.

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ е гарант дека ќе продолжи развојот на Кочани, развојот на општините и регионите, гарант дека ќе продолжи напредокот на државата“, истакнаа од СДСМ.

СДСМ

Сподели: