Седумдесет и едногодишен старец се шетал за време на полицискиот час- заработи кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Штип  поднесе предлог до Јавното обвинителство за кривична пријава против  Д.Ј, 71-годишен жител на Кочани, поради непочитување на мерката забрана за движење.  

Кривична пријава заработи и А.М, деветнаесетогодишник од селото Соколарци ,  кој бил затекнат надвор за време на полицискиот час.

Двете лица се сомничат за сторено кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1“ од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ градот. ​

Извор: Дневен билтен МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial