Седум медали за џудистите на „Гладијатор“ на Меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој“

Џудистите на „Гладијатор“ викендов учествуваа на Меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој“ што се одржа во Прилеп.

 Во конкуренција на 320 натпреварувачи џудистите на „Гладијатор“ од Кочани освоија вкупно 7 медали, од кои 2 сребрени и 5 бронзени.

Лука Савев и Анастасија Стошиќ стигнаа до среброто, додека бронзата ја освоија Марко Симеонов, Ненад Максимов, Томислав Ристов, Тамара Гичева и Андреј Стојанов.

ЏК „Гладијатор“

Сподели: