„Секој петок по една“ – Ако ти си дракула…

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Ако ти си дракула…

Пишува: Доне Донев

Меѓу Симеон И. и Симон Д

Деведесеттите години на минатиот век организирав средба помеѓу кочанските љубители на убавиот збор и Симон Дракул, познат писател од Македонија.

На средбата за творештвото зборуваше мојот другар, универзитетскиот професор, Науме Радически. По завршувањето на средбата отидовме во кафеаната „Пролет“ на вечера. Таму господинот Дракул делеше примероци од својата најнова
книга „… или смрт…“. Имаше десетина примероци и ги раздели.

Еден наш сограѓанин, познат кантавтор, поет и сликар, уметникот Симеон И. задоцни кога се делеа примероците од книгата и дојде малку подоцна, па на писателот му рече:

  • Господине Дракула, ве молам ако имате уште еден примерок за мене. Ќе ви бидам мошне благодарен.
  • Ако си ти Дракула со тоа косиштето, јас не сум. Јас сум Дракул./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да ја купат книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: И.Матеничарски

Сподели: