101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Ананас, 2
На час по македонски
Пишува: Доне Донев
Во ЦОУ „Раде Кратовче“ учеа и сè уште сложно учат Македонци и Роми. Еден ден учителката Наумка, која предавала во пониските одделенија (од прво до четврто), ги испрашувала учениците кој сака да си ја поправи оценката, ама требало да каже една сложена реченица. Почнале. Се јавил Роберт (за прв пат такво име ставаа тие шеесетти години од минатиот век – најчесто го ставаа луѓе со титули: директори, секретари, високи службеници…) и сакал да си ја поправи оценката од четири на пет и ја кажал реченицата:
– Денес татко ми си дојде дома и ни донесе пет кила ананас.
Станал Никола, син на службеник, одговарал за четири и ка-
жал:
– Денес татко ми си дојде дома и ни донесе четири кила ананас.
Станал и Стојанче, син на земјоделец, одговарал за три и тој кажал:
– Денес татко ми си дојде дома и ни донесе три кила ананас.
Станал и Рамадан Б., одговарал за двојче и рекол:
– Денес татко ми си дојде дома, А НА НАС мајката ни се еба.
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А. Арсов