„Секој петок по една“ – Барање работа

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Барање работа

Меѓу Буфчо и шест работници од Соколарци

Пишува: Доне Донев

Дошле еден ден соколарчани (потеклото на Буфчо е од Соколарци). Претходно се договориле оти ќе одат кај Буфчо да им помогне да најдат работа.

Почнале натаму-наваму и еден му ја кажал маката. Буфчо им рекол оти сите места се пополнети, а ако дошле порано, ќе можел некако да им помогне. Еден рекол оти во задругата имало место, ама Буфчо знаел оти сè е пополнето и им го кажал истото.

На крајот видел оти нема разбирање, па им рекол:

-Слушајте земјаци. Ако сакате работа, ќе ви дадам еден предлог. Вечер кога ќе се враќаат шесте работници од задругата, вие слободно утепајте ги, па на нивно место ќе ве запослеме Вас./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: И. Матеничарски

Сподели: