101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Без гаќи
Меѓу Пецо (падарот) и комшијата му
Пишува: Доне Донев
Чичко Пецо (го викаа Карајашо) беше природно надарен за хумор. Знаеше во секоја ситуација да направи шега. Кога си најизнервиран, ќе те расположеше. Тоа во наследство му остана и на неговиот син Вањо – некои го викаа Ваљо.
Чичко Пецо беше падар – полјак (така ги викаа луѓето работници што го чуваа имотот (од крадци) на сопствениците во полето додека беа дома.
Еден ден чичко Пецо на комшијата му рекол:
-А бе комши, кога насабајле излавам гледам ја онаа твојта секој ден работе. Алал да й е. Само сакам да те прашам нешто. Зашо со гаќи брише, со гаќи чисте, со гаќи риба, па она…?
-Шо е бе Пецка – не дочекал комшијата – у шо е работата?
-Сакам да те прашам она носе ли гаќи уопште, ако не носе
полесно ќе ми биде./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.
Адаптација: И.Матеничарски