„Секој петок по една“ – Борч од мината година

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Борч од мината година

Меѓу поп Наум и баба од Чешиново

Пишува: Доне Донев

Во Соколарци имаше еден поп Наум. Беше многу начитан и знаеше многу јазици. Велеа дека дошол некаде од западна Македонија. Живееше близу црквата во „попската“ куќа. Опслужуваше десетина села. Го викаа секаде за сè и сешто. Впрочем како и секој свештеник. Ги знаеше сите кои се родиле, венчале и умреле. Сè напамет. Дури знаеше и кој колку пари му дал кога одеше на осветување за големите христијански празници како што беа Велигден и Божиќ.

Еднаш отишол во Чешиново кај некоја баба. Светел што светел и божем го спрема кандилото, чекал бабата да му даде пари. Таа извадила 50 динари (така се викаа тогашните пари) и му дала.Скоро сите даваа така, симболично, по десет, по дваесет динари.

Почекала и гледала накај попот, а тој й рекол:

-Што чекаш, снао Марико? Уште од предминатата година ми борчиш дваесет динари. Тогаш не даде ништо.
Ги зел парите и заедно со клисарот Живе си заминале./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: И. Матеничарски

Сподели: