„Секој петок по една“ – Возач

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Возач

Меѓу Стојан Џамо и комшиите

Пишува: Доне Донев

Излегле како и секогаш комшиите пред портите и си разговарале. Де за ова, де за она. Некој извикал оти Стојан Џамо треба да чести. Разбрале оти го вработил сина си во Фабриката за целулоза и хартија. Па некој го прашал што работи син му.

Стојан малку потфаќаше на јазикот, па му рекол на комшијата:

– Возач како мене.

– Чекај бе, Стојане, нели он нема положено возачки?

– Нема врска тоа со полагањето.

– Бутка рачна количка и го собира ѓубрето./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: