„Секој петок по една“ – Врзан поп – мирно село

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Врзан поп – мирно село

Меѓу поп Јован и мајсторот

Пишува: Доне Донев

Раскажуваат кочанчани оти некогаш во една куќа отишол поп Јован да свети вода во очи на Бадник. Домаќинот требало да купи нешто да заврши со работата во куќата, а бидејќи никој немало дома, морал да остане сам со Поп Јован и да го ислуша пеењето.

Во кујната имало јадење колку што сакаш. Било зимно време и се стемнувало порано, а поп Јован отишол малку подоцна во куќата.
Отако поп Јован испеал, домаќинот ги извадил осигурувачите од струјата, сметајќи оти поп Јован ќе се задржи во неговата куќа, па ќе побара ракивче, мезе, па ќе се задржи, и му рекол на попот оти сега може да си замине. Настанало мрак, а поп Јован прашал зошто домаќинот му го направил тоа.

Домаќинот сметајќи оти поп Јован веднаш по ова ќе си замине, мирно му рекол:

-Дедо попе, врзан поп – мирно село!!!/крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: