„Секој петок по една“ – Градо ќе не иск’ца

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Градо ќе не иск’ца

Меѓу поп Миладин и белани

Пишува: Доне Донев

На 14 февруари кога е Свети Трифун, традиционално кај во Кочанско, а и во цела Македонија православните христијани ги закројуваат лозите во лозјата како и во дворовите.

Една година дедо (поп) Миладин отишол да го изврши обичајот закројување и да ја каже молитвата за добар род и принос. Ја испеал молитвата и меѓу насо- браните соселани – белани (од село Бели) видел два–тројца коишто ги знаел како мрзливи, а со сигурност знаел оти тука се дојдени само да се напијат и замезат, зашто нивата не била нивна.

Завршила церемонијата и пред да почнат да се мезат, дедо Миладин им рекол како на шега (а секоја шега, нели е полувистина):

-А бе, шом и виа сте дошли, ќе врне ногу оваа година, ама сè се плашам немој некој град да заврне. Дури тугај сме го обрали бостано. Сите ќе нè ск’ца./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: