„Секој петок по една“ – Гумичка

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Гумичка

Меѓу Младен М. и Драги Т.

Пишува: Доне Донев

Во ДЕМАУ „Ѓошо Викентиев“ (така беше порано „металната“ – ДЕМАУ) требало да се одржи Наставнички совет на којшто требало да се соопштат резултатите од полугодието. Сите биле растрчани и ги сумирале резултатите, а главните оценки ги запишувале во дневникот со моливче, зашто можело да се вршат корекции ако на некој ученик му недостасуваше бодови за подобар успех.

Професорот Драги Т. само што почнал, згрешил неколку оценки, ама за среќа биле напишани со моливче. Барал пенкало од еден
до друг професор и стигнал кај Младен М. Го прашал дали има гумичка, а овој му рекол оти има.

– Ако сакаш дај ми ја да избришам некои оценки оти нешто се збуних, па сè испомешах.

– Ќе ти дадам, ама да тркнам до дома оти ми е дома.

– Гони се у п.зду материну, ѓубре едно, рекол Драги Т.

– Е, па, ти ме праша имаш ли, рекол Младен М., а ја ти рекох оти имам, не треба да се лутеш./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: