101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Да ми јадеш…
Меѓу Буфчо и Циганите (Ромите)
Пишува: Доне Донев
По Втората светска војна, Буфчо бил судија за прекршоци. Еден ден во судот му дошла група Цигани (денешните Роми). Се тужеле две Ромки за чест на навреда. Буфчо ги прашал како почнало сето тоа, при што првата рекла:
- Друже судија, да ми јадеш гомните, вика он на мене!
- Друже судија, да ти се серам у устата, вика он на мене – рекла втората.
- Друже судија, да згазеш на гомни и неизбришан да си улезеш дома, вика он на мене – рекла повторно првата.
И така скоро во недоглед. Зборувале, обвинувајќи се, но како да му се обраќале на Буфчо, при што овој изнериран им рекол на двете:
- Да ми јадете ку.от, вика он на мене, ај сиктер од судот./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А. Арсов