101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Делба
Пишува: Доне Донев
За штеф во болницата за нервни болести
Бил Штеф во Штип во болницата за нервни болести десетина дена и требало да го пуштат единаесеттиот ден.
Докторите и сестрите знаејќи го како мајтапчија, решиле да го зафркаваат малку пред да си отиде. Го викнале кај нив во амбулантата вечерта кога дежурале и почнале со зафрканции на кои Штеф дупло им враќал. Пред да си легнат, еден невропсихијатар му рекол:
– Штеф, утре ќе те пуштиме, ама под еден услов. Да ни ја решиш оваа задача. Види Штеф, ти во рацете држиш четири јабуки, а треба да ги поделиш на пет души. Како ќе постапиш?
– Па овака докторе, на четворицата ќе им дадам по една, а ја јабуки не јадам, ја само пијам. За мене само ракија да има. Сите се изнасмеале и утредента го пуштиле./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да ја купат книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.
Адаптација: И.Матеничарски