101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Забрането пушење
Со мене (Доне Донев) во читалната во студентската населба „Стив Наумов“
Пишува: Доне Донев
Во студентската населба „Стив Наумов“ додека студирав во осудесеттите години на минатиот век бев многу палав. Гледав да напалам некоја девојка или да напалам некој динар повеќе.
Една квечерина со мојот цимер Ико (Илија Захариев) влеговме во читалната и за да се направиме фраери, влеговме со запалени цигари во устите. Едноставно кажано, пушевме. Отидовме од едниот до другиот крај на читалната и кога се враќавме за назад, еден студент изнервирано, гласно прокоментира:
-Дечко, нели гледаш оти пишува „ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ“?
-Да, му реков, ама ти нели гледаш оти пишува „ВЕ МОЛИМЕ ЗА ТИШИНА“!./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А. Арсов