„Секој петок по една“- За власи

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

За власи

Меѓу Кици, возач од Грдовци и продавачка

Пишува: Доне Донев

Оваа случка ми ја раскажа Драги Јакимов, мој колега, по професија професор по хемија, а по вокација универзален уметник, пејач, сликар… хаус мајстор и што ли не.

Некогаш еден возач од Грдовци, некојси Кици, заминал со некој негов помошник на пат за Словенија. Кога стигнале, се сместиле во некој евтин хотел каде имало само кревети и бања. Ниту крпи, ниту шампони. Помошникот на Кици бил некојси Мијалче, по националност Влав.

Кога сакале да се искапат, забележале оти немаат, како што кажавме, ниту крпи ниту шампон. Му рекол Кици на Мијалче да оди да купи, а овој рекол оти збор не знае словенечки, па морал да замине Кици да купи.

Влегол во продавницата и прашал дали имаат шампони.

Продавачката на словенечки го прашала:

  • За које врсте власи (за каков вид коса)? За масне, сухе или обичне?
  • Еба ли му мајката каков. Сигурно за оваа недела не се миеше, па дај ми за масни./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: И.Матеничарски

Сподели: