101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
За огледалото
Меѓу Лазо Буфчо и жена му Риза
Пишува: Доне Донев
Било пазарен ден (четврток). Требало да се купуваат намирници. Буфчо се спремал да оди на работа, а Риза на пазар, дури е рано да накупи сè, а потем да прави ручек. Буфчо стоел пред огледалото и ги држел парите во раката што требало да й ги даде на Риза за пазарување, ама сакал да се пошегува малку, па Риза кога му побарала пари, тој й рекол:
– Овиа пари у раката са мои, а тиа у огледалото са твои.
На ова Риза по експресна постапка му одоворила со иста мерка:
– Oд денеска па натамо, оваа (се фатила долу) ќе биде моја, а таа у огледалото ќе биде на келнеро.
Му ги грабнала парите и заминала на пазар, а Буфчо отишол на работа./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А. Арсов