„Секој петок по една“ –  За пачата

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

За пачата

Меѓу Буфчо и жена му Риза

Пишува: Доне Донев

Решиле Буфчо и Риза да прават пача. Штотуку го имале заклано прасето. Буфчо ги очистил нозете и ушите, а Риза требало да ја направи пачата. Почнала жената да ја подготвува смесата со зачините, ја ставила водата и пред да ги затвори садовите со капаците, му рекла на Буфчо да благослови. Буфчо вака благословел:

– Како што се фаќа убаво овај ку… на сите комшики, така да се фане оваа пача на Риза и на Буфчо./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: