„Секој петок по една“ – За тебе ќе се избањам

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

За тебе ќе се избањам

За Тодор Ѓ. и Драгица Т.

Пишува: Доне Донев

Тодор Ѓ. и Драгица Т. беа професори во гимназијата. Тодор Ѓ. беше многу досетлив и вицкаст човек.

Еден ден на големиот одмор меѓу вториот и третиот час Тодор (предаваше ОТО – општотехничко образование) си ги миеше подолго време рацете на мијалникот, зашто таков му беше предметот – нонстоп да пишува и да објаснува. Драгица Т. чекаше.

По долго чекање, му рече:

-А бе, Тошо, толку многу ги истри рацете што за малку и кожата ќе си ја излупеше!

-Драгице, како шо те гледам тебе оваква згодна, за тебе и ќе се избањам од глава до пети, па ако сакаш да знаеш и кожата ќе си ја излупам./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

И. Матеничарски

Сподели: